речник контакт

Св. Ѓоргија празник на параклисот, каде Џинот изведувал настава на мајчин јазик и театарски едночинки (фото)

Тоа е најстариот храм во Велес, кој се уште прима верници

Петар Печков

Ниту дождот, ниту врнежливото и студено време, не беа пречка бројни велешани овие два дена да го посетат параклисот Св. Ѓоргија.   Тој се наоѓа на левата страна од градот, во месноста Прцорек.  Така  барем на кратко,  повторно оживува најстарото училиште во земјава, кај велешани познато како Св.Ѓоргија. На простор не поголем од 20 метри квадратни илјадници луѓе минуваат, но малкумина знаат дека тука некогаш било школо.

Тоа било на два ката, приземјето за машките деца а горниот за девојчињата. Иако минал век и половина, објектот е добро сочуван, но дел од иконите се оштетени. Тие се сведоците на времето кога тука децата за прв пат започнале да учат на мајчин јазик а нивните родители ја одржувале  православната вера.

 На 9-ти декември, секоја година истоимениот параклис ги отвара вратите за верниците од градот, се слуша жагорот и вревата, само сега не од учениците туку од православните христијани кои доаѓаат во објектот каде Јордан Хаџиконстантинов Џинот, пред 167 години, ги одржувал првите часови на македонски јазик.

 Бројни верници по ситниот есенски дожд, итаа  кон месноста Прцорек, на левиот дел во старото градско јадро, каде се наоѓа објектот , во кој своевремено Џинот држел настава.  Верскиот објект тешко  се распознава меѓу останатите куќи на улицата Богдан Каракостев  доколку не е таблата поставена пред 25 години, на куќата со бр.14  на која пишува  ,,Тука 1857-та година, со средства на жителите од брзоречката општина е основано првото класно трговско училиште во Македонија“.  Негов наследник е велешката Гимназија, која важи за најстара во земјава. 

 Во средината на 18-тиот век во месноста Прцорек, за што  постојат пишани документи било решено прашањето на образованието на децата од овој дел на Велес. Во него работеле калуѓер или калуѓерка, кои се занимавале со учителска дејност.  Еден век подоцна, неспорно е дека градот има голема потреба од словенска писменост, а преродбеникот Јордан Хаџиконстантинов Џинот во 1843 започнува со учителствување на мајчин јазик во црквата Св.Ѓоргија - запишал Славко Николов, историчар и поранешен директор на Историскиот Архив на Велес.

 Се смета дека ова е почетокот на учењето на мајчин јазик на децата во Велес но и во Македонија. Историските факти се дека се до изградбата на црквата Св.Богородица во 1905-тата година овој објект бил   црковен. Т

ој е најстар верски објект во градот, каде се вршела црковна служба пред градбата на храмот Св. Пантелејмон, а останал уште во функција. Во него освен што Џинот предавал на мајчин јазик, се изведувале и првите едночинки, чиј автор бил токму тој. Вратите на параклисот денес се отвараат два пати годишно напролет на Ѓурѓовден,  и на есен на Св.Ѓоргија. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »