речник контакт

Св. апостоли Вартоломеј и Варнава 24 јуни

Ден кога се врти Сонцето. Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Петар Печков

Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Вар­нава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од Левиевиот свеште­нички род. Прво се викаше Јосиф, но апостолите му го дадоа името Варна­ва, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедаше во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар. Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го заврши маченички на Кипар. Пострада од Евреите.



Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима.

 

Житието сведочи дека светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте славни Христови апостоли. Поради проповедање на Христовата вера бил распнат на крст со главата надолу,  но се спасил затоа што во тоа време настанал голем земјотрес во кој загинале тие што го мачеле, како судиите така многу народ, а тој останал неповреден. Тоа се сметало за Божја казна кон оние што го клеветеле и што го суделе. Потоа Евангелието го проповедал во Индија, каде што го превел на тамошен јазик Евангелието по Матеј. Потоа се вратил во Еременија каде што од завист поради тоа што ја излекувал царската ќерка од лудило е распнат на крст, одрана му е кожата и отсечена му е главата. Неговиот спомен се празнува на 24 јуни,  заедно со споменот на светиот апостол Варнава.

Светиот апостол Варнава (Јосиф), од Кипар, пак, е еден од седумдесетте Христови апостоли. Првото име му било Јосиф, а Варнава е наречен подоцна. На околината оставал впечаток со тоа што ги тешел луѓето, а Варнава значело Син на утеха. Христијанската вера ја ширел и Евенгелието го проповедал заедно со Апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј кое што за време на животот го препишал на рака.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »