речник контакт

Седми Новогодишен Саем на книги

Илјада наслови од десетина издавачи по поволни цени, како подарок за Новата година

Петар Печков

Отворен е седмиот зимски Саем на книгата, кој го организира Локалната библиотека „Гоце Делчев"  од Велес. До крајот на седмицата, до 30 декември петок посетителите ќе можат да се снабдат  по поволна цена со некоја од  бројните изданија од  десеетте издавачи. Новогодишен саем на книга  се оддржува во просториите на библиотеката, во медиотеката а понудени се околу илјада наслови.

Велешани  покажуваат осбен интерес за книгата,  масовно  го посетуваа саемот  изминатите години и  верувам дека  истиот ќе го искористат за да обезбедат убав новогодишен подарок, книга. Ова е ретка можност да се набават најновите изданија, хит едициите, или нешто што е постаро но со поголем попуст – вели Игор Крајчев директорот на библиотеката Гоце Делчев од Велес.

Саемот  работи во периодот од 9 до 20 часот, на  него се присутни реномирани издавачки куќи  како што се  Матица, Култура, Феникс, Макавеј, Наша култура, Македонска реч, Детска радост, Три, Мартина Комерц и самостојниот издавач Зозе Мургоски. Најавено е дека во рамки на Новогодишниот саем на книга ќе се оддржат и две промоции на книги.

Со  првата која се случи денес напладне  и со неа се промовираше книгата „Македонија - кратка енциклопедија револуционери" од  Славчо Ковилоски. Промотор беше  д-р Васил Тоциновски. Следната промоција е закажана за во среда со почеток од 12 часот во Ликовниот салон, а ќе се промовира романот „Монотонија" од кумановскиот писател Бобан Богатиновски. Романот ќе го промовира Ирена Павлова Де Одорико.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »