Петар Печков
Објавено: вторник, 29 мај 2012
Советнците на општина Велес последната седница ја минаа повеќе славенички а помалку работно. А поводи за честење имаа, советникот Топме Јаневски затоа што стана дедо на внук, советникот Дејан Арсовски затоа што се ожени и претседвачот Славчо Чадиев затоа што е новиот општински лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Дали заради ова или пак некоја друга причина, немаше полемика и седницата заврши со изгласување на сите точки.
Беа усвоени и седумте меѓугранични проекти со градови од Република Грција, а во кои активно ќе учествува и општина Велес. Истите се очекува да бидат разгледани до крајот на годинавг, кога ЕУ ќе ги објави резултатите.
Беа донесени и одлуките за конкурирање на невладини здруженија за органзирање на Вардарската регата Гемиџии, за уметничката колонија Папрадишки мајстори, за фестивлот на атничка драма Стоби и за фолклорниот фестивал.
Tweet |