Петар Печков
Објавено: вторник, 26 ноември 2019
Понеделникот пет часа, сообраќајната полиција контролирала, колку пешаците минат правилно преку улица, на пешачки и на семафор.
Во периодот од 11 до 16 часот на 25-ти ноември на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, биле констатирани 17 прекршоци, од кои седум во Велес, пет во Кавадарци и пет во Неготино - изјави Верољуб Додевски портпаролот на СВР Велес.
За сите прекршоци изречени биле соодветни казни. Во претходната ваква акција, на 5-ти ноември во Велес, биле констатирани 11 прекршоци.
Вчера, истовремено сообраќајна контрола биле извршена во повеќе градови при што во Тетово биле констатирани 36, Гостивар пет, Струмица шест, Скопје 20, два во Штип, четири во Кочани, два во Пробиштип, пет во Виница, четири во Делчево и три во Берово.
Tweet |