Петар Печков
Објавено: петок, 18 септември 2015
Во заедничка акција на полицијата и шумската полиција фатени седум дрвокрадци прилепчани, кои нелегално работеле во велешко.
Според СВР Велес акцијата била спроведена во четвртокот во попладневните часови, на стариот пат Велес с- Прилеп, на планината Бабуна, близу селото Степанци, на лице место фатени се седум лица од Прилеп на возраст од 17 до 45 години, како бесправно сечат дрва во државна шума.
При тоа одземени се три патнички автомобила, три моторни пили, две рачни пили и 4,7 метри просторни огревни дрва. Во акцијата за контрола на кражби на дрва, пустошење шуми и бесправен превоз на огревни дрва, учествувале полициски службеници од Велес, Прилеп и Чашка, вработени од шумската полиција и од Македонски Шуми.
По целосно документирање на настанот,од велешката полиција информираа дека ќе бидат процесуирани соодветни кривични и прекршочни пријави. Жителите на селата од овој регион често реагираат дека дрвјата бесправно се сечат а дека сторители се прилепчани кои доаѓаат и ја пустошат шумата.
Tweet |