речник контакт

Седумнаесет возачи во четвртокот возеле побрзо од дозволеното по велешките улици

Ова е петта акција за четири дена, контрола колку брзо се вози по улиците на градот

Петар Печков

Нова сообраќајна контрола, за тоа колку возачите ги почитуваат пропишаната брзина во градски услови. Овој па сообраќаната полиција контролира во два дела од денот, претпладне три часа и попладне два часа, вчера четврток.

Во периодот од 9 до 12часот и од 18 до 20часот на 17- октомври, четврток, на  територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 32 прекршоци, од кои 17 во Велес, два во Кавадарци и 13 во Неготино - информираше Верољуб Додевски портпарол н СВР Велес. За сите прекршоци изречени биле соодветни казни.

Ова е четврта контрола за пет дена, извршена по велешките улици. Во неделата беа откриени 25 возачи, во вторникот 19, во средата 15 а вчера 17.   

Истовремено вакви сообраќајни контроли вчера биле изведени во Скопје каде имало 22 возачи кои возеле побрзо од дозволеното а во Битола 19.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »