Петар Печков
Објавено: четврток, 02 септември 2021
Седумнаесет нови позитивни случаи со ковид-19 во велешко и десетмина оздравени. Тоа е билансот за изминатите 24 часа, кој го објави Министерството за здравство. Во велешко има 249 активни случаи. Се полни и Инфективното одделение од велешка болница, кое е ковид центар.
„Хоспитализирани се 48 пациенти, од кои 40 се потврдени позитивни, пет се сомнителни и тројца пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 30 пациенти“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.
Испишани биле двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
На Инфективно одделение се згрижени 44 а на Интерно четворица пациенти.
Tweet |