Петар Печков
Објавено: петок, 15 декември 2017
Седум дена воздухот во Велес е со високо концентрации на ПМ 10 честичките. Од 8-ми декември до вчера, со тоа што и денес часовните вредности се високи, па кога ќе заврши денот ќе покаже дека имаме уште еден ден со натпросечни концентрации на ПМ 10 честички.
Или во бројки е следно: 8-ми -194 мг/м3 ; 9-ти 76,26 мг/м3 ; 10-ти 87,68 мг/м3; 11-ти – 95,27 мг/м3, 12-ти 160,43 мг/м3; 13-ти 187,28 мг/м3 и 14-ти 167,02
Владата донесе сет мерки меѓу нив и забрана за одржување спортски и други манифестации на отворено, како и да се прилагоди времето за работа на работниците кои работат на отворено во период од 11 до 17 часот.
Во вонредни мерки спаѓаат и зајакнати инспекциски контроли на Државниот инспекторат за животна средина на капацитетите кои подлежат на А интегрирана дозвола, како и зајакнати контроли од општинските инспекции на капацитетите со Б интегрирана дозвола.
Со вонредните мерки се опфатени и градежните компании кои треба редовно да ги измиваат градежните возила при излез од градилиштето, а транспортот на градежните возила и машини да се прави во 7.30 часот.
Tweet |