речник контакт

Седум децении на Извиднички одред „Димитар Влахов“ (фото)

Во седум децении одредот имал и подеми и падови, но оставил траг во живеењето на градот

Петар Печков

Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес одбележа 70 години постоење. Тој е најстариот извидничкиот одред во Македонија.  Низ неговите редови минале 40 илјади членови, без малку цел еден град, како што е Велес. Во тие седум децении одредот имал и подеми и падови, но опстанал да даде траг во живеењето на градот.  

„Започна како детска игра а премина во начин на живот. Извидничката органзиација ни даде превец во животот, не насочи. Не само мене туку и на осум генерации. Таа е воспитно-образовна организација, која делува неформално, дава неформално образование. Нашите активности се логорување и живот во природа, прва помош и исхрана во природа, ориентација и топографија, Животот во природа е многу корисен за сите млади“.   вели  Ангелче Гушев старешина на одредот. Тој во овој период брои 50 члена а оптимумот би бил 80. 

„Акумулираното искуството, знаењето и искуство изминатите 10 години придонесе работата на одредот да еволуира од   обучувачко натпреварувачка    во менторско едукативна. Ја негуваме и издавачката дејност, претставуваме ментори на одредите кои се во зародиш и се создаваат, или се во подем даваме  стручна и материјална помош во   стручна извидничка литература“ - кажа  Бојан Миклош , член на старешинството на одредот.

ИО Димитар Влахов има солиден број камперска, пловна опрема, прибор за исхрана во природа,  извидничка инфраструктура, поточно тоа е извидничкиот центар Голозинци кој има сместувачки капацитет од 50 легла, и 250 шаторски места,  дом на 36  одржани извиднички средби.

Плановите на одредот се да го зајакнат  капацитетот на центарот , да се подобри инфраструктурата и да биде регионален едукативен центар и младински хостел.

Еден од тие што оставиле силен траг во работата на одредот е и Жико Пановски. Тој е член на одредот од 1958 година.

„Сме биле и победници на ориентационен натпревар на ниво на Југославија на Сљеме во Загреб. Толку добри бевме. Извидничка организација е општествена организација која   опфаќа млади. Нема  ништо подобро од тоа да се биде нејзин член. Тука квалитетно се воспитуваат и можат  да настапат натаму квалитетно во животот.  Благодарам за младите кои ни овозможија да славиме седум децении работа“ - кажа Пановски.

 Велешкиот одред има долгогодишна традиција на блиски и братски односи со одредот „Мија Станимировиќ“ од Ниш Србија.

„Извидник сум поради дружењето, другарството, запознавање на нови луѓе.  Тоа ми беше животна школа која ми помогна во професионалната ориентација. Научив многу вештини, добив многу знаења. Некој се занимава со фудбал, друг со риболов, јас со извидништво.  Генерации и генерации на нишки и велешки деца  се пријатели, деловни партнери,имаше и има   многу љубови“ -рече Слободна Тепавац старешина на одредот од Ниш.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »