Петар Печков
Објавено: четврток, 14 март 2019
Велешанецот Павле Гулевски (43 год) доби седум години затвор за разбојништво кое го сторил лани врз старица во населбата Речани. Гулевски е прогласен за виновен во Основен суд Велес за настанот кој се случи на 2-ри февруари минатата година на улица Димитрија Андонов Папрадишки околу 23ч. Ова е втора пресуда за овој случај, откако претходната кога беше изречена казна затвор од 12 години, Апелација Скопје ја врати.
Гулевски според обвинението со фантомка на главата влегол во куќа кај жена на возраст од 80 години и и вперил пиштол, барајќи пари. Жената му рекла да си оди и дека нема пари. Во тој момент, осомничениот го исекол кабелот од фиксниот телефон и ја врзал жената а со нож и ја повредил а во устата и ставил парчиња облека за да не вика и бара помош.
Извршил пребарување во дневната соба по орманите и плакарите, а потоа извршил претрес и врз неа, па во долната облека кај неа пронашол 9.000 денари, истите ги земал а оштетената ја оставил врзана во лежечка положба и заминал. Таа успеала да се ослободи и да пријави во полиција. Обвинетиот е пронајден по извршеното и препознавање од страна на оштетената.
Меѓу шестмината лица старицата го препознала Гулески, по ставот, бојата на очите, гласот. Пресудата не е правосилна тој останува во притвор до правосилноста на пресудата.
Tweet |