Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 јануари 2022
Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано само седум нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се шест. Ова се податоци за изминатите 24 часа кои ги објави Министерството за здравство. Во велешко активни се 318 лица.
Починато е едно лице, жена која била на лекување на Инфективно одделение од Велес, позитивно на корона вирусот, на 60 годишна возраст со коморбидитети.
Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 29 пациенти, тројца помалку од вчера. Ново примен е еден пациент испишани се двајца со по еден негативен тест
„Од згрижените пациенти, 19 се позитивни, непотврдени се двајца и петмина се негативни. На кислородна поддршка се осум пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 24 а на Интерно одделение петмина пациенти.
Tweet |