речник контакт

Секоја општина е потребно да посочи локација за гробишта на миленици, побара ЗЕЛС

Побарано е и секоја општина да има свое прифтилиште за бездомни животни

Петар Печков

Општините треба да предложат локации за изградба на гробишта за миленици,  е договорено на состанокот на директорот Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов, со министерот за локална самоуправа Златко Перински и претседателoт на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) Орце Ѓорѓиевки заради решавање на овој проблем. 

„Ова ќе претставува решавање на деценискиот проблем и крај на праксата по смртта, труповите на милениците да не се фрлаат заедно со комуналниот отпад или да се закопуваат на јавни површини и други несоодветни локации за таа намена, за што ќе треба да се направи и соодветна измена на одредени законски решенија”, кажа  министерот Перински.

Како решение за големиот број улични кучиња на улиците, на состанокот било предложено во секоја општина да има свое прифатилиште за бездомни животни.  Општина Велес заедно со уште осум општини од Вардрскиот плански регион, изградија и лани на 2 мај го предаодоа на кростење прифатилиштето  за бездомни животни во близина на Кавадарци. 

 фото ТрМр архива

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »