речник контакт

Семејството бара одговор за смртта на Стојчевска

Смртта на педесетгодишната велешанка Верче Стојчевски ја разбранува јавноста во градот за тоа што се случувало критичана вечер во фабриката Дрекселмаер

Петар Печков

Семејството на Верче  Стојчевска, ќе бара одговор од ракводството на Дрекселмаер, дали се точни гласините кои се шират низ Велес, дека на неа не и било дадена правовремена   помош, откако таа се пожалила на сериозни здравствени проблеми. Тие не сакаaт да шпекулираат чија е вината, но сметаат дека имаат право да знаат што се случувало ноќта во фабриката. 

Бидејќи на мојата сопруга и се случиле здравстените проблеми додека  била на работно место, од менаџментот ќе побарам официјална информација што се случувало ноќта, за да се расчистат сите дилеми - изјави сопругот Зоран Стојчевски.

Неговата сопруга почина во вторникот вечерта на Неврохирургија во Скопје, откако   истиот ден во мугрите и се влошила здравствената состојба  на работното место.  Смртта на педесетгодишната   велешанка  Верче Стојчевски  ја разбранува јавноста  во градот а   за тоа што се  случувало  критичана  вечер во фабриката, засега само се шпекулации во отсуство на официјална информација од менаџментот на фабриката.  Од разговорите со некои од нејзините колеги  се дознава  што  се  случувало минатиот понеделник во третата смена, кога Верче  била  на работа. 

Вторникот околу 3 часот по полноќ  колешката на претпоставената и се пожалила на сериозна  главоболка и  мачнина. Побарала да викнат брза  помош или да  си  замине од работа   со такси. Претпоставента и  порачала да остане некое време, дека главоболката  ќе и  мине,  ако  не,  ќе викнат доктор.  По  половина  час, вработената  паднала  под  лента. Притрчале колегите  и тешко било да  се  извади од  под маса  и  даде помош. Набргу е повикана итна помош и префрлена во  Болница.  Треба да се знае дека во фабриката има доктор во  прва и втора смена, но во трета смена не,  има само медицинска  сестра - велат нејзините колешки.

Од болница подоцна била пренесена во Ургентен  во Скопје.   За овој случај реагираат од      Здружението за  социјална правда ,,Ленка,, и бараат случајот да се  расветли. Верче Стојчевска е дипломиран правник, која долги години работела во велешки АД Лозар а по стечајот на фирмата, вработување нашла во  Дрекселмаер.  Нејзиниот брат реагира од односот на персоналот од Ургентен во Скопје, кои ги чекале блиските со часови,  за да ја хоспитализираат.

 Околу 5 часот утрото добивме повик  веднаш да се јавиме кај  нив во Ургентен. Сестра ми Верче била снимана со магнетна резонанца за да се  констатира што и се случило. За да  ја сместат во Неврохирургија во неколку наврати, телефонски не бараа да ја средиме бидејќи имала  некои проблеми. Кога дојдовме во 7 и нешто таа беше на количка и дури потоа ја однесоа на одделение. Нејзината здравствена состојба се искомплицира во  вторникот вечер почина а во четвроток  ја погребавме -  изјави нејзиниот брат Томе Илиевски.  

Докторите им соопштиле  дека Стојчевска  починала од  мозочен инфаркт на десната хемисфера.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »