речник контакт

Сеопфатна истрага за смртта на трите дечиња, побара народниот правобранител

Дали вака поставениот систем, содејствува со потребите на секое лице кое е социјално загрозено

Петар Печков

Народниот правобранител бара сеопфатна истрага за трагедијата во Велес, во којашто животот го загубија три дечиња. Од канцеларијата на омбудсманот велат дека доставиле препорака до Министерката за труд и социјална политика, во која посочуваат дека е потребно да се испита дали семејството кое било во социјален ризик ја добивало предвидената законска помош.

Дали вака поставениот систем, содејствува со потребите на    секое лице кое е социјално загрозено. Треба да се има точен преглед кое лице, за какви семејства станува збор, за какви потреби станува збор. И дали државата односно надлежните можат да излезат во пресрет на нивните потребно - кажа  Васка Бајрамовска, заменик народниот правобранител. 

ОЈО Велес истражува има ли кривична одговорност. Семејството било корисник на социјална помош. Од засега непознати причини, на 20 јуни попладнето  избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата. Во неа според  првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата.  Обвинителството  ги побарало камерите од продавницата  на Којник, каде родителите требало да пазарат. Во пожарот  изгореа  Драгана четири, Петар две и Теона една година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »