речник контакт

Сепак се дислоцира киоскот до зградата

Локалните власти најавуваат постапка во согласност со законот

Петар Печков

Во петокот претпладне станарите на зградата на улица Благој Ѓорев  87 неа непријатно изненадени кога  до нивната зграда го видоа кисокот,  кој беше на спротивната страна на улицата.  Тие во мај месец реагираа дека се подготвува дислокација на киоскот за сакра  и негово поставување под нивните тераси. За ова убедени се дена сопственикот нема дозвола. По два месеци тој, тоа што го наумил и го сторил.

Околу осум часот со дигалка киоскот беше преместен преку улица, до нашата зграда, на простор кој не  е негова сопственост. Ова е дивеење на газдата,за кое нема дозвола. Два месеци алармиравме до локалните власти дека ќе се случи, и се случи. Мора да се застане на пат на градежната и урбана мафија – велат станарите од  зградата.

Тие се лути што и по толку време од нивната реакција не е преземено ништо да не се случи дивото поставување на објектот. Од општина Велес писмено излегоа во јавноста со информација дека и до нив стигнала реакцијата на станарите. 

,,До Општина Велес стигна информацијата за промена на местоположбата на објектот. Инспекциските служби на локалната самоуправа ќе излезат на лице место и ќе постапат согласно законските одредби,, пишува во писменото известување од локалната власт.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »