Петар Печков
Објавено: недела, 25 јули 2010
Сервисот работи преку проектот на Националниот совет на жени на Македонија и во него е ангажирана жена адвокат, која ќе им дава бесплатна помош и ќе ги застапува жртвите при евентуалните судски процеси. За да ги запознаат жените со оваа канцеларија изработен е флаер и обезбеден телефон 043 211 151 преку кој можат да се добиваат совети.
Бројките на СВР Велес покажале дека семејното насилство бележи пораст во поширокиот велешки регион, поради што е отворен овој сервис, секој работен ден од 10 до 13 часот. Насилството најчесто е физичко а се појавува и економско и емотивно, но мал број жени од многу причини покренуваат судски процес против насилникот.
Истражувањето покажало дека малку од жените знаат дека тоа е кривично дело а пресудна била предрасудата која е присутна и ја плашат жртвата, јавно да излезе и проговори за проблемот.
Tweet |