Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јули 2026
Изминатите денови во Велес биле реализирани повеќе едукативно-превентивни активности, со различни целни групи, на различни теми.
Едната ое нив била насочена кон пешаците како активни учесници во сообраќајот. На граѓаните им биле потенцирано дека кога се во улога на пешаци, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации.
Друга тема била „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потсетувајќи ги возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило и сите останати сообраќајни правила и прописи, во насока на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Патниците во возилата биле потсетени „Стави сигурносен појас“, со цел да им се укаже на граѓаните дека користењето на сигурносен појас претставува законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност.
Во Велес е реализирана превентивна активности на тема „Заштита од џебни кражби и измами“. На граѓаните им биле појаснети начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста била насочена кон повозрасната популација, која е честа мета на разни видови на имотни деликти, потсетувајќи ги граѓаните да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица.
Во Велес се реализирани превентивни активности на тема „Има помош за живот без насилство“, при што граѓаните се информирани за постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство.
На наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот е спроведена кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”. Целта на кампањата е намалување на сообраќајните незгоди во летната сезона и совети кон возачите за безбедно патување.
На наплатната станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје реализирана е сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одморен“. На возачите им е укажано за важноста кога управуваат возило да бидат одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Во овој период, кога е зголемен бројот на туристи кои транзитираат низ земјава токму по оваа делница, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење.
На наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, реализирана е сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“. На возачите им било укажано за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Исто така, нагласено е дека во овој период, кога е зголемена фреквенцијата во сообраќајот и возачите се упатуваат кон летните дестинации минувајќи стотици километри, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Имало и тема „Брзото возење загрижува, брзото возење убива“, кога полицијата укажувала на возачите на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот и за ризикот што го преземаат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, додека полициски.
Полициски службеници од ПО Чашка и СВР Велес, во Чашка реализирале превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои на граѓаните им е потенцирана потребата од поголема внимателност, поради опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период, особено кога извршуваат земјоделски работи.
Полициски службеници од ПО Чашка и ПК Градско, на подрачје на општина Чашка и во село Виничани, општина Градско, реализирале превентивни активности на тема „Пламените јазици се незапирливи“. На граѓаните им е посочена потребата за намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи, како и континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување.
Во Чашка и Градско е спроведена превентивна активност за заштита од пожари. На граѓаните е укажано да не фрлаат догорчиња од цигари или било каков друг вид запаливи материјали покрај патиштата, како и обврската за внимателно и одговорно однесување, за да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, особено во летниот период кога е зголемена температурата и опасноста од пожари е поголема.
фото МВР
| Tweet |











