Петар Печков
Објавено: четврток, 17 септември 2026
Вторникот вечер, додека сечел дрво, дел од него паднало и повредило сограѓанка. Настанот се случил во месноста Втор болнички дол. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 15 септември во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.А.(55 год) од Велес. Според пријавеното, претходно во дворно место на улица „Ризо Ризов“ во Велес сечел дрво, при што дел од дрвото паднал врз 66-годишна велешанка и ѝ нанел повреди“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото интернет
| Tweet |




