речник контакт

Сечењето на јаворите беше легално или без правна одлука

Опозицијата и градоначалникот со спротивни ставови, дали кроењето на јаворите имаше правно покритие

Петар Печков

СДСМ обвини дека кастрењето на јаворите во градот изминатиот период е правно без соодветна одлука и оти не незаконско и нестручно. 

После сечењето на голем број повеќегодишни дрвја на повеќе локации во Општина Велес и кастрењето на крошните на повеќе вековните јавори во градот, се изврши без соодветна Одлука на Советот на Општина Велес, без правно покритие.  Зошто првин се вршеше кастрење на гранките на јаворите на плоштадот Сармаале, а дури потоа се предлага ваква одлука на Совет? Прашање е како ќе се оправда сечењето на гранките на јаворите пред извесно време, без одлука на општинскиот совет? Кој ќе одговара за тоа – праша Панче Иванов советник од СДСМ во Општина Велес.

Тие  бараат план за управување со спомениците на природата, во овој случај план за јавори, во кој ќе бидат утврдени посебните мерки и активности  за заштита, а на што го обврзува Законот за заштита на природата. На ова одговор даде градоначалникот Чадиев, кој тврди дека за се е консултирано Министерството за култура.

За сите зафати кои се превземаат врз јаворите кои се прогласени за споменици на природата информирано е Министерството за култура. Досега во два случаи во 2010-тата и 2012-тата општина Велес побара мислење и насоки како да се интервенира врз јаворите. Се што е опасност и можност за опасност треба да се отстрани од крошните на јаворите. Тоа е одговорот од надлежните во Министерството за култура каде се обративме. За тие дописи имаме и документи во локалната самоуправа со кои можеме да ја потврдиме автентичноста. Затоа одогворно тврдам дека јаворите се сечат согласно законите- рече  Славчо Чадиев градоначалник на општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »