речник контакт

Сечење на дрвјата во Велес

И онака малиот фонд на дрва во Велес се сече поради нивното непланско засадување.

Петар Печков

Во текот на оваа година секој ден во градот, кој не може да се пофали со зелени површини, се сече по едно стебло. Така граѓаните го плаќаат данокот на грешките од минатото кога дрва засадувале на секој слободен простор.

- Голем број на граѓани се обраќаат до нас за помош за отстранување на садници долгогодишни дрва кои се прераснати, болни, деградирани или опасни за деловите од куќи, дворовите и околината каде граѓаните живеат. Во првата половина од годинава имаме добиено 150  вакви барања-вели Тања Трајковска раководител на РЕ Паркови и зеленило при ЈКП Дервен.

Сите тие се однесувале на сечење на дрва од дворни и јавни површини. Според Трајковска ваквата состојба е резултат на несоодветното засадување на дрвјата по вид и со несоодветна локација. Најчесто позајмувани  при акциите за пошумување, иако  наменти за голините во околината на градот, па без доволно информации  граѓаните ги одгледуваат во дворни места иако дрвјата не се за градска средина.
\"\"
Како пример стручњаците ги посочуваат тополата, аризонскиот чемпрес, борот. Или пак садниците се засадиле на место кое кога дрвото ќе порасне создава проблеми на подземнате инсталации или каблите наменети за телефон или струја. Поради ова граѓаните или институциите бараат согласност или информираат дека ќе  сечат.

Затоа Трајковска апелира пред засадување на било која садница да побараат стручна помош, за кој вид на дрвја каде успева да не доаѓа ваква состојба која годинава кулминира.

Така неодамна при сечењето на дрвјата на улица „Лазо Осмаков“ од страна на ЕСМ, бидејќи истите пречеле на мрежата, граѓаните реагираа што без нивно знаење е сторено тоа а исечените дрвја никој не ги отстрани цел ден.
\"\"
Друг дел од дрвјата поради плитките корени паѓаат сами, па се потенцијална опасност за минувачите и шетачите. Екологистите велат дека на градот му е потребно зеленило, но тоа да биде плански изведено како што доликува на урбана средина, а не да нанесува повеќе штета отколку корист.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »