Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 јуни 2016
Викендов заврши асфалтирањето на две улиците Тодор Христов Офицерчето кај Жаба зграда и Тодор Јанев, кај зградите кои се градат во населба. Асфалтирањето на првата улица неочекувано се оддолжи, оти асфалтната база на ГП Гранит неколку ена не работела.
Веднаш потоа викендот започнаа и завршија работите со асфалтирањето, откако две седмици претходно стариот асфалт се изграба. Се асфалтираше и кракот на улицата, чии семејства чекале 50-тина години, откако истата била проектирана.
Се асфалтираше и улицата Тодор Јанев, кај зградите кои се градат, позади Железничката зграда. Од локалната власт најавија дека сега ќе се продолжи со крпење на дупките по главните градски улици по што ќе следи и нивно хоризонтално одбележување и цртањето на пешачките премини.
Tweet |