Петар Печков
Објавено: недела, 28 декември 2014
Американската вселенска агенција (НАСА) започна акција за именување на пет кратери на Меркур откриени од американската сонда Месинџер.
Сондата лансирана во август 2004 година со задача да го истражува Меркур во 2007 година по три прелетувања влезе во стабилна орбита на планетата и на Земјата испрати над 250.000 фотографии.
По повод скорото завршување на мисијата на Месинџер, во акција што трае до 15 јануари, сите заинтересирани низ целиот свет може да учествуваат со давање предлози за имиња на пет кратери на Меркур, пренесува британскиот весник Гардијан.
Изборот на имињата ќе го направи Меѓународната астрономска унија, која ќе ги постави и критериумите за името. Имињата мора да припаѓаат на лица што се починати најмалку три години и чиј придонес во полето на уметноста и хуманитарните науки е признат повеќе од 50 години
Tweet |