Петар Печков
Објавено: среда, 21 септември 2016
Комисијата за општествени дејности при Советто на Општина Велес, покрена иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветто Ноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2016 година.
Признанијата 9-ти Ноември се доделуваат на поединци, органи, организации, граѓански организации и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот.
Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општината Велес. Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа.
Комисијата за општествени дејности покрена иницијатива и за предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2016 година. Таа се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство.
Кандидатот за награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ треба да е жител на Општина Велес и да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,5.
Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, Комисија за општествени дејности најдоцна до 14октомври 2016 година.
Tweet |