Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јули 2024
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно Законот за шумите, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот, на територијата со која стопанисува јавното претпријатие.
„Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шума стапува на сила од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП Национални шуми – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат“ – соопштија од ЈП Национачни шуми.
Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за:
Министерството за внатрешни работи, Министерство за Одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Национални шуми, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, и лица коишто имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои управува ЈП Национални шуми - Скопје.
За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра.
Tweet |