речник контакт

Се донира помош за семејството Давчевски

Црвениот крст донираше облека и техника

Петар Печков

Семејството Давчевски започна да ја добива итно потребната и неопходна помош, откако пред десетина дена им изгоре куќата до темел. Општинскиот Црвен крст, како и секогаш во вакви случаи прв пристигна во пресрет. Донираше облека, техника – телевизор и машина за перење, креветче за бебето, како и ваучер за храна во висина од две  илјади денари.

Има хумани луѓе и тие несебично помагаат. Освен оваа од Црвениот крст веќе стигна градежниот материјал од Тргошпед и Делта пром. Очекувам дека  од викендов ќе започнат градежните работи на изградба на нов дом – вели Велибор Давчевски.

Тој и неговата сопруга Ленче со четирите малолетни дечиња Тина, Сара, Стефан, Ивона живеат како потстанари кај сестрата на Велибор, во близина ан црквата Св. Спас на улица Јовче Тикваровски бр.21. Велат дека облека имаат за нив, но мајката и свекрва Грозда, жена во средината на 60-тите години  мака мачи, да се облече, оти се и изгоре.

Немаат и документи за лична идентификација, и тие исправи изгореа. Изминатиот викенд, соседите од населба Керамидна се организирале и со касичка позајмена од Црвен крст, собирале парична помош. Собрале околу 9 илјади денари и им ја предале на семејството.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »