Петар Печков
Објавено: среда, 06 ноември 2024
Вторникот попладне на автопатот Велес - Скопје, близу месноста Кула, кај пунктот на ЈП Македонија пат се запалило возило во движење. Автомобилот бил марка фиат пунто а опожарен бил пред предниот дел. Интервенирале пожарникарите од Велес.
„На ден 05 ноември во 17:05 примена е дојава за настанат пожар на Патничко Моторно Возило на автопатот Велес-Скопје. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и четвоирица пожарникари спасители. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција возилото е изгаснато и не е дозволено пожарот да се префрли на сувата трева и блиската шума покрај автопатот“ - објавија од ТППЕ Велес на нивната ФБ страница.
Во пожарот немало повредени лица, патниците навреме излегле од автомобилот.
Tweet |