речник контакт

Се запали куќа на Теќе (фото)

Изгоре кровот на семејството Михајлови

Петар Печков

Повторно гореше куќа близу  Којник во Велес, овој  пат  на Теќе. Овој пат тоа  беше на  ул.  Кузман Јосифовски  бр. 29   домот на семејството Михајлови Андреја  и  Иванка.  Изгоре кровот а од водата при гаснењето оштетен е првиот кат како и се двете соседни куќи. Први на помош притекнале комшиите, кои несебично помагаа во локализирањето на   огнот.

Огнот се јави околу  18,30ч. Андреја беше сам дома, во приземје, тој и не` сетил дека гори кровот. Некој  од комшиите му кажал па истрчал.  И сами гледате дека  соседите се тие  што го гаснат огнот  од едната страна – вели  комшивка од улицата.  

Сопругата на  Андреја, Иванка  во тие моменти не  била дома, таа само гледаше како огнот го уништува кровот. 

Не би можеле да кажеме како се појавил пожарот. На  кровот не чуваме самозапалив материјал или  гориво. Се грееме на пелети. Оџакот е соѕидан  од страна на куќата не е внатрешен, нема допир со кровот. Полицијата нека открие како дошло до пожарот – вели сопственичка Иванка Михајлова.

И повторно, како и во неколкуте пожари кои се случија во овој дел на градот, изминатиот период,  противпожарното возило едвај стигна до местото. Поради бројните паркирани автомобили по тесните улици,  пожарникарската кола не можеше да пристапи, па присутните на раце мораа да ги поместуваат за да се ослободат улиците.  Противпожарната единица со две возила и десетина пожарникари го гаснеше огнот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »