речник контакт

Се запали подземен контејнер, оти некој фрлил во него жар или пепел

За некои сограѓани, тешко оди привикнувањето на новините во собирањето на сметот во градот

Петар Печков

Наспроти упатствата за користење на новите подземни контејнери, за собирање на смет, некој наш сограѓанин, во еден од нив, фрлил жар па истиот се запали. Станува збор за подземниот контејнер кај кулата кај ВЕМАЛ, поранешна НАМА. Поради ова морала да интервенира и екипа на велешката пожарна и едно возило на ЈКП Дервен.

Засега нема информација колкава е штетата на вреќата од  полиестер со волумен од три метри кубни, дали може да се користи или ќе се постави нова, но евидентно е дека некој наш сограѓанин ја згрешил постапката за фрлање отпад. Еве при нивнотопоставување, што соопштија и од Општина Велес и од ЈКП Дрвен.

„Во  поздемните контејнери  не треба да завршува картонската и ПЕТ амбалажа, градежен шут, жар и пепел од домашни ложишта“

За потсетување во првите денови откако беа во функција новите седум подземни  контејнери, наместо во нив, некои сограѓани сметот го оставаа до нив, што наиде на потсмев во јавноста.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »