речник контакт

Се зголемува бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко

На Инфективно одделение згрижени се десет пациенти

Петар Печков

Предвидувањата на стручните лица се остварија, дека пред нас е пикот, за новиот летен бран на ковид заразата. Во Велес и велешко се бележи зголемување на бројот на активни случаи, од од седум дена. Денес активни се 138 случаи. Изминатите 24 часа има 25 нови случаи а оздравени се 23, според податоците од Министерството за здравство.

Изминатите седум дена, нема починато пациенти од велешко, поради последиците од ковид заразата. Така останува бројот од 324 лица кои досега починале.

Во велешка болница хоспитализирани се 10 пациенти, сите на Инфективно одделение. Од нив осум се потврдено позитивни, непотврдени се двајца пациенти, негативни нема. Ново примени се двајца пациенти. На кислородна поддршка се пет пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »