Петар Печков
Објавено: четврток, 16 септември 2021
Расте бројот на ново заразени со ковид-19 во велешко, се зголемува бројот и на хоспитализирани во велешка Болница. Изминативе 24 часа регистрирани се 29 нови случаи на лица позитивни со ковид-19 а оздравени се пет. Поради ова скокна бројот на активни случаи во велешко на 275 лица.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница хоспитализиран е 71 пациент, од кои 51 е потврденo позитивeн, четворица сомнителни и 16 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
„На кислородна поддршка се 34 пациенти. Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - соопшти д-р- Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 39 пациенти, во Модуларната болница се 24и на Интерно осум.
Tweet |