Петар Печков
Објавено: вторник, 09 март 2021
Се зголемува бројот на пациенти згрижени во велешката Болница, позитивни или сомнителни на ковид-19. Денес според информацијата од оваа здравствена инстиуција, таа изнесува 45 пацинети, вчера беа 42 а во неделата 39. Од вкупниот број 39 се сместени на Инфективно одделение и шестмина на Интерно.
Од лежечките пациенти 30 се потврдено позитивни, деветмина се сомнителни и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти. Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Билтенот на Министерството за здравство за денес, вторник е во велешко има 14 ново заразени позитивни на ковид-19 и шест пациенти се оздравени. Со тоа активни се 235 случаи а досега се заразени 3.591 лица.
Од Министерството за здравство информираа дека е починат пациент на 73 годишна возраст, позитивен, кој бил на лекување во скопските клиники. Тој е 114 жртва на лица починати од последица на ковид заразата
Tweet |