Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 мај 2016
По неколкукратно откажување, поради лошите временски услови, утрово , понеделник, се случи првото авионско прскање во Општина Велес. Беше во терминот од 5 до 6,30 часот.
Границата на третирањето беше: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.
Со третирањето беше опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година се третираше и рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Сигурно е дека ќе има уште најмалку две, така најавија од локалната власт. Доколку се јави потреба како минатата година, ќе се изврши и дополнително авио прскање за уништување на комарците.
фотографиите се сопственост на Сашко Ѓоргов
Tweet |