Петар Печков
Објавено: среда, 23 јануари 2013
Локалната власт ги искористи убавите денови од оваа седмица и ударнички изгради два паркинг простори на левата страна од Велес, во близина на пазариште. Првиот е зад работничкиот Универзитет Благоја Страчковски со капацитет од 50-тина коли а вториот е кај Стар мост, исто со 50-тина паркинг места. Изведувач на работите беше Урбан Инвест од Кавадарци.
Со овие две локации донекаде ќе се намали навалицата и гужвата, пред се во пазарните денови, од левата страна на градот. Досега во Велес постоеја четири поголеми паркинзи со капаците од околу 400 возила, и еден од најголемите проблеми за возачите, да се најде слободен паркинг простор.
Tweet |