речник контакт

Се истражуваше делото на иконописецот Крсте Зограф од Велес, малку познат во пошироката јавност

Крсте зограф е познат како татко на Хаџи Косте зограф, авторот на фреските од манастирската цврка Св. Димитрија во Велес кој се смета дека е првиот фотограф во Македонија

Петар Печков

За прв пат се истражуваше делото на Крсте Зограф од Велес. Ова беше проект кој го реализираше Народен музеј од Велес и на кој се работеше неколку месеци, минатата година. 

Истражувањето е реализирано  претежно во селски цркви.  Проектот е од национален интерес, за заштитата и музејската дејност. Крсте зограф творел на почетокот од 19 век, од 20 до 40 години.  

„Дела на Крсте зограф се наоѓаат во дваесетина цркви. Тој работел, цртал икони  во Велес и Велешко но и во Повардарјето. Неоправдано е запоставен во презентирањето на неговото творештво, пред поширока јавност. Со истражувањето беа опфатени претежно црквите во селата. Иконите се наоѓаат во стари, незаштитени, необезбедени цркви.  Поради тоа дел од нив се оштетени“    -  рече Елица Николова историчар на уметноста,  раководител на проектот,

Со проектот „Истражување и документација на икони од зографот Крсте зограф од Велес“ кој финансиски е поддржан од Министерството за култура,   создадена е евиденција каде се тие поставени и во каква состојба се.

„Крсте зограф цртал по порачки. Тој е позната во стручната јавност, но многу малку во пошироката. Атрибуиравме некаде околу 80 икони од Крсте зограф. Планираме дел од нив, кои се оштетени да ги предложиме за конзервација. Годинава сакаме  да до истражиме уште неколку цркви, каде се смета дека има дела од него, а тие се во Штипско и Прилепско. Засега нема откриено дека Крсте зограф  работел фрески, но не се  исклучува можноста дека и ги цртал“ - додава  Николова.

Оставината од иконописецот,  како и   со работата од истражувањето,  Николова планира  да ја запознае јавноста, преку фотографии и дел од иконите, преку изложба, каде за прв пат  тие ќе бидат достапни до јавноста.

Крсте зограф е познат како татко на Хаџи Косте зограф, авторот на фреските од манастирската цврка Св. Димитрија во Велес  кој се смета дека е првиот фотограф во Македонија.  Тој така се  потпишувал  на некои негови дела, зограф и фотограф.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »