Петар Печков
Објавено: петок, 13 февруари 2026
Се намали процентот на вакцинирани деца од предшколска возраст во Велешко минатата година. Најнизок е кај МРП (мали сипаници, рубеола и заушки) со 68,5 % во 2024 опфатот бил 77,5%.
Во таа година епидемијата на големата кашлица во 2024 година во земјава, придонесе родителите со поголем интерес да ги вакцинираат децата, лани немаше зарази, немаше интерес.
Поради неоправданиот страв од МРП вакцината и нејавувањето за вакцинација, низок е опфатот и на другите две ревакцини против стрептокок и поливалентната вакцина, кои се аплицираат после првата година
„Опфатот со вакцинација во предучилишна возраст во 2025 бележи пад. Процентот на вакцинирани против голема кашлица, тетанус, дифтерија, детска парализа е намален од 90 на 81,4%, а против морбили, рубеола и заушки од 77,5 на 68,5%. Тоа сведочи за лоша покриеност кај децата со вакцини, пропусти во колективниот имунитет и ризик од појава на нови епидемии. Само опфатот со пневмококната вакцина и вакцината против хепатит В бележат благ пораст“ – кажа педијатар д-р Марина Тодоровска, раководител на одделението за предучилишна превентива.
После наполнување на првата година возраст на детето, опаѓа вакцинацијата за сите вакцини. Некои родители не дозволуваат нивното дете на таа возраст да прими МРП вакцина, имаат отпор, па доцнат и другите вакцини. До петтата година возраст, оваа вакцина родителите дозволуваат да се прими, па расте опфатот и со неа и со другите вакцини.
Така невакцинираните се вакцинираат и вакцинацијата кај децата од школска возраст во велешко е висока и над 90%. Во случајот со МРП кај децата од шест годишна возраст опфатот е 97,6%.
| Tweet |




