речник контакт

Се намалува бројот на заболени со грип во Велешко

Третата седмица од годинава, има средна активност на заразени со грип, претходно беше висока. Од сезонски грип во Велес се вакцинирани 3.017 граѓани со бесплатната вакцина и 55 со комерцијалните

Петар Печков

Опаѓа бројот на случаи на грип во Велешко. Во третата седмица од годинава, Центарот за јавно здравје Велес регистирал 96 лица заразено со вирусот на грип. Со ова Велес од висока активност падна во средна активност, на заразени со грип. За потсетување во втората седмица бројот беше 111 а во првата 109.

Во октомври-номеври, во периодот на вакцинација од сезонски грип, во Центарот за јавно здравје Велес биле вакцинирани 3.017 граѓани со бесплатната вакцина и 55 со комерцијалните, кои чинеа 800 денари.

Највисок број на заболени лица има во  Скопје – 556, Тетово – 146, Охрид – 142, Битола - 139, Куманово – 137, Прилеп – 115, Штип – 110, Кавадарци – 102.  Во четири града  Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци, се бележи многу висока активност, во три Кратово, Штип и Виница  висока активност.

Највисока застапенот по возраст на грипот е кај децата до 4 годишна возраст. 

Во текот на третата недела од 2026 година, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за едно женско лицe на возраст од 75 години од Скопје и едно машко лице на возраст од 69 години од Кавадарци, и двете лица биле хоспитализирани на УК за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај двете починати лица, лабораториски е потврдена Influenza А.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »