Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јули 2019
Во 2018-тата година во велешко родени се 519 бебиња, што е за 41 помалку отколку во 2017-тат кога имало 560. Ова се бројките на Државниот завод за статистика. Во велешко најмногу бебиња се родени од мајки на возраст од 25-29 183, па од 30 до 34 -162 бебиња. Лани во велешко биле починати 586 лица што е помалку отколку во 2017-та кога имало 599. Најчесто умираат лица постари од 65 - 455 и на возраст од 45 до 64 - 112. Анализата покажува дека во 2018-та во велешко имало повеќе починати лица отколку новородени за 67. Тој однос во 2017-та бил 39 помалку новородени, отколку починати.
Еве како е состојбата во соседните општини.
Во Градско лани биле родни 32 бебиња наспроти 36 во 2017-та. Што се однесува до бројот на починати лица во оваа општина лани имало33 додека во 2017-та 32.
Во Лозово во 2018- та било родено 21 бебе што е помалку отколку во 2017-та кога имало 29. И во оваа општина има повеќе починати отколку родени., Така во 2018-та имало починато 36 лица а година дена претходно 38.
Во Чашка во 2018-та имало родени 135 бебиња што е помалку отколку во 2017-та кога имало 143. За истиот период 2018-та имало во Чашка 53 починати наспроти 81 година дена порано. Само во оваа општина има повеќе новороденчиња отколку починати лица.
Tweet |