Петар Печков
Објавено: вторник, 24 март 2015
Во ОУД„Лазар Лазаревски“во тек е промената на столаријата. Постојните се менуваат со пвц прозори и врати. До крајот на месецов ќе бидат променети 28 врати во спалните соби на учениците, на први и втори кат, и 31 прозори со термопан стакло.
Првата фазана проеманта на столарија во Интернатот заврши во јануари 2014 година и беа сменети 12 врати од спалните соби на учениците, на приземје и 19 ПВЦ врати во санитариите.
Со тоа комплетно ќе бидат променети сите врати од спалните соби во целиот ученички дом, а со тоа во голема мера се подобруваат и условите за престој на 300 ученици во ОУД„Лазар Лазаревски“ Велес. На овој начин се заштедува и електрична енергија - изјави директорката Василка Ѓурчиновски. Во тек е и постапка за набавка на лап - топи, кои се наменети за читалната, така што учениците ќе имаат современи услови за учење.
Tweet |