Петар Печков
Објавено: вторник, 13 септември 2016
Голозинци и Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес, изминатиот викенд од 9-11 септември беа домаќини на 31-те Средби на извидници Велес 2016. Тие се одржаа во извидничкиот центар Голозинци.
На Средбите учество земаа 60 извидници од Прилеп, Скопје, Св. Николе и од одредот организатор. Извидниците се натпреваруваа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, прва помош и сигнализација.
Првото и третото место им припадна на извидниците од извидничo поречанскиот одред “Јадран“ , а додека пак второто место им припадна на извидниците од ИО “Феникс“ од Прилеп.
Беше организирана и дружење на неколку генерации извидници, ветерани кои беа вклучени во организацијата на досегашните триесет средби.
Средбите се организираа на терените на Велес, на езерото Младост, локалитетот Манастир Св. Илија, село Извор и извидничкиот центар Голозинци. Со оваа втора републичка извидничка активност започнуваме да го одбележуваме 65 годишното постоење на одредот “Димитар Влахов”.
Tweet |