Петар Печков
Објавено: среда, 28 август 2019
Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски најави отворање на жиро сметка за донација, бидејќи се јавиле голем број поединци, фирми кои сакат да помогнат во санација на штетите од пожарот кај езеро Младост.
Оваа локација, езерото Младост беше голем развоен потенцијал за развој на транзитниот туризам. Добро е што нема човечки жртви. Ќе отвориме наменска, специјална жиро сметка, затоа што има многу заинтересирани , кои сакат да помогнат, да донираат. Сакаат финансиски да ги помогнат активностите за пошумување на околината на езеро Младост - порача Аце Коцевски, градоначалник на Велес.
Први кои јавно најавија дека сакаат да му помогнат на Велес, беа членовите на групата ДНК. Тие на нивниот ФБ напишаа:
„Драги луѓе
Со оглед на природна катастрофа, пожарот кој ги затекна велешани и им приреди огромен стрес, а воедно и им исече голем дел од “БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” на градот, ние како ДНК (Панчо, Андреј, Лазар ) сакаме да донираме скромни 6.000 денари (не сме Леонардо Ди Каприо толку ни дозволува буџетот) за обновување и пошумување на изгоренот предел. Воедно, сакаме да ги поттикнеме сите наши колеги и совесни сограѓани за помош. Како нација секогаш сме први да помагаме на другите соседи и држави (БРАВО така треба), но некако нашето најмалце си го цениме и чуваме. Затоа јавно ги повикуваме сите добри луѓе, да донираат на било каков начин да им се помогне на велешани и да им се вратат ”БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” и да се избегнат други лоши консеквенци, кои не дај боже удираат по нивното здравје. Го повикувам градоначалникот на Општина Велес, во најбрз можен рок да отворат сметки и броеви за донации и јавно и транспарентно да се следат донираните средства кои ќе одат за пошумување на уништената површина. Велес има право на чист и здрав воздух!#ОД_СРЦЕ_ЗА_ВЕЛЕС“
Tweet |