речник контакт

Се печеме под Вршник, попладнево измерени плус 43 под сенка

Попладнево во Македонија во повеќе градови измерени се температури над 40 степени Целзиусови

Петар Печков

Попладнево, вторник 22 јули,  во Велес беа измерени +43  степени Целзиусови под сенка. Ова е податок на Управата за Хидрометеоролошки работи. 

Тоа е највисоката температура летово во градот. Во Велес се измерени 42,6 а  најжешко било во Кавадарци со 42,7.

Попладнево во Македонија во повеќе  градови измерени се  температури  над 40 степени Целзиусови, Демир Капија, Гевгелија, Струмица, Штип, Битола,  Скопје – Зајчев рид и Петровец... 

Највисока максимална температура на воздухот во Македонија е измерена во Демир Капија од 45,7 степени Целзиусови на 24 јули 2007 година.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »