речник контакт

Се подготвува нова премиера во велешки театар „Затворенички“

Режијата е на Елеонора Теова

Петар Печков

Започна подготовката за нова премиера во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.  Во тек се пробите  за претставата ,,Затворенички“ , во режија на Елеонора Теова. Работена е по компилација на повеќе текстови. 

Во претставата играат Сандра Танчева, Јанка Лефкова, Димитрина Мицкоска и за да не биде само „женска“ претстава игра и  Кире Ацевски. Костимограф на претставата е Катерина Чукниева, а сценографијата е на Филип Коруновски.

Се очекува премиерата да биде до крајот на месец мај или почетокот на јуни. Таа ќе биде втора премира годинава во велешки театар, по неодамнешната на „Тестостерон“, во режија на Синиша Ефтимов.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »