речник контакт

Се покачи цената на билетот во Велешки театар

Наместо 200 денари, новата цена е 300

Петар Печков

Цените на билетот во велешки Театар „Јордан Хаџи Констанинов Џинот“ се покачени од почетокто на месец март. Ова е одлука на Управниот одбор на оваа Национална установа. Наместо 200 денари, новата  цена за тековниот репертоар е 300 денари, додека за премиера цената на билетот е 500 денари.  Цената за ученици и студенти е половина од редовната, или 150 денари. 

Велешки театар се судрува со проблем од голем интерес за билетите за повеќето  претстави. Така во февруари од 14 , 10  претстави се играа пред распродадена сала и тоа мошне бргу по почетокот на продажбата на билети.
На почетокот од годинава се покачија цените на билети за неколку државни културни институции во Скопје и за некои претстави стигнаа и до илјада денари за билет.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »