Петар Печков
Објавено: четврток, 17 март 2022
Единственото починато лице, изминатите 24 часа од последиците на ковид-19 во земјава е од Велес, информираше Министерството за здравство. Тоа е пациентка од Велес на 71 годишна возраст, со бубрежна слабост и ковид пневмонија, соопштија од велешка Болница. Со ова бројот на починати во велешко, од последиците на корона вирусот е 315 пациенти.
Во велешко изминатите 24 часа има регистрирано по шест нови случаи, а 18 оздравени пациенти. Активни случаи во велешко има 56 лица. Со оваа бројка Велес е осми на листата во земја, по Скопје, Прилеп,Битола, Охрид, Куманово, Кавадарци.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се осум пациенти, тројца помалку од вчера. Hа Инфективно и ан Интерно се хоспитализирани по четворица пациенти. Ново примен е еден а нема испишан..
„Потврдено позитивни се двајца, непотврдени нема и шестмина се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се шестмина пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Слободни се 46 кревети.
Tweet |