Петар Печков
Објавено: четврток, 24 април 2014
Во централното градско подрачје на улицата 8-ми септември се поставуваат нови канделабри. Наместо постојните кои беа со топки, новите се во форма на фенери.
Освен што се во нова форма, тие се и со натриумови светилки наместо со живини, кои штедат енергија. Вакви канделабри ќе бидат поставени и на плоштад Којник, кај Соколаана, кај споменикот на Панко Брашнар, пред Судот.
Нивниот број е вкупно 300. Промената на канделабрите е во согласност со енергетската ефикасност за штедливи светилки.
Tweet |