речник контакт

Се превртел камион, нафтата истекла од резервоарот, возачот со скршеници

Од резервоарот на камионот истекла нафата, поради која била доведена во опасност околината

Петар Печков

Саботата попладне, се превртел камион кон возел од патот над  Топилницата  кон каменоломот, при што возачот е се здобил со тешка телесна повреда. Од резервоарот  на камионот истекла нафтата, поради која вила доведена во опасност околината.

„На ден 18 април  во 15 часот примена е дојава за превртен камион на патот над Топилница. Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и пет пожарникари спасители. Кога пристигна нашата екипа на лице место возачот беше извлечен од возилото. Од наша страна е обезбеден просторот, да не дојде до палење на возилото поради истечената нафта“ – соопштија од ТППЕ Велес.

На 18 април во 15:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на локалниот пат Велес- Каменолом, кај место викано „Гроот“, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(61 год) од Велес, се превртело на коловозот“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.

„Во Ургентен центар вчера попладне е примен пациент, возач кај кого по извршените снимања констатирана е скршеница на ребро и на прсти. Остана на одделение до денес, недела на пладне, по што беше пуштен на домашна нега“ – кажа д-р Анамарија Џунџева, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

фото интернет

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »