Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јануари 2016
На локацијата близу езерото Младост во тамошната викенд населба, се продаваат осум парцели за времено сместување.
Од 33-те што претходно беа понудени на продажба, останаа уште овие осум кои ќе се продаваат на електронска аукција на 18-ти јануари а последниот рок до кога можат да се поднесат пријави е до 13 јануари, среда.
Осумте парцели се со различна градежна површина од 586 до 870 м2 ,приземје плус еден спрат, катност. Право на купување имаат домашни и странски физички и правни лица.
Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели изнесува 283 денари од метар квадратен.
Tweet |