Петар Печков
Објавено: четврток, 24 февруари 2011
Две парцели со површина од 74 ари и 52 ари за почетна цена од 300 денари се продаваат со намена за изградба на спортски терени, тениски игралишта. Почетната цена е 300 денари а на наддавањето можат да учествуваат и државјани на Република Македонија но и државјани на земји членки на ЕУ и ОЕЦД.
Ова е второ наддавање за овие парцели, кои се наоѓаат позади мотелите на велешко езеро Младост. При првото се продаваа по цена од 700 денари и поради немање на интерес не се одржа. Продажбата ја организира Министерството за транспорт и врски каде на 25 март ќе се одржи лицитацијата.
Tweet |