речник контакт

Се продава „Колска“

Министерство за економија преку јавен повик ја понуди велешката фабрика за шински возила „Колска“ на продажба.

Петар Печков

Министерство за економија преку јавен повик ја понуди велешката фабрика за шински возила „Колска“ на продажба.

Фабриката се продава  за почетни 261 илјада евра заедно со 260-те вработени кои според огласот, треба да бидат задржани најмалку и во наредните пет години.

Проценетата вредност на Колска е 473 илјади евра со тоа што купувачот ги наследува и обврските во фабриката во висина од 94 милиони денари. Тој е обврзан да ги исполни еколошките стандарди предвидени со законската регултива.

Јавното отварање на понудите е закажано за 6-ти јули. Моментално вработените во Колска се на принуден годишен одмор до 4-ти јуни, поради недостиг на репроматеријали.

Колска, која е единствена од таков вид во земјава, ги сервисира вагоните и возниот парк на Македонски Железници.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »